11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто да му кажете „ДА“ на медот

Зошто да му кажете „ДА“ на медот

Веројатно и самите сте свесни дека медот е одличен прехрамбен продукт но не е на одмет да се потсетиме како оваа слатка храна влијае позитивно врз здравјето, но и физичката убавина.

– Медот е здрава замена за шеќер во напитоците и храната. Кога медот ќе се додаде во млеко, значително го подобрува вкусот, но и го засилува имунитетот на организмот. Исто така, може да се стави на тост или да се додаде во сладолед.

– Медот се препорачува и на оние на кои им е потребна диета. Чашата топла вода во која се додаваат мед и лимон е здрав начин да го започнете новиот ден. Ваквиот напиток ги намалува мастите без трошење на енергијата. Всушност, додава енергија затоа што природните шеќери на медот го намалуваат заморот за време на вежбањето.

– Медот има и анти-бактериски својства и ја подобрува функцијата на дигестивниот систем, а делотворен е и во превенција на тумори. Неколку капки ѓумбиров сок во супена лажица мед успешно го лечат воспалението на грло.

– Антисептичките својства го спречуваат размножувањето на бактерии и ја одржуваат раната чиста на тој начин што спречуваат инфекција. Медот може да се користи како природен лек за лечење рани, изгореници и посекотини затоа што го забрзува заздравувањето. Исто така, делува и против воспаленија, го намалува отокот и болките, па дури и лузните.

– Децата дневно би требало да конзумираат барем една супена лажица мед за да имаат доволно енергија во текот на денот.

– Додавањето на една или две лажици мед во шоља чај од камилица пред спиење се препорачува за смирување на нервите и здрав сон.

– За сјај на косата, доволно е во топла вода да додадете две лажици на мед. По неколку минути само измијте ја косата и уживајте во сјајот.

Сите овие совети се евтини, безбедни и едноставни, па нема зошто да не ги испробате. Ако ништо друго, барем ќе ве остават со сладок вкус и мирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП