2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаравари: Можно е укинување на приоритетниот и воведување итен упат

Таравари: Можно е укинување на приоритетниот и воведување итен упат

Поради злоупотребата на голем број приоритетни упати, министерот за здравство, Арбен Таравари, најави опција – укинување на приоритетниот и воведување итен упат.

Итен упат ќе може да се издаде само за фиксни дијагнози, како што се, на пример, мозочен удар, тумор на мозок, посериозни компликации.

Осврнувајќи се на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, Таравари информира дека ги добиле предлозите од сите клиники за времетраење на прегледот. Во следниот период ќе се зголеми времетраењето на прегледот таму каде што е потребно.

Во врска со одржување хигиена во скопските клиники и хируршките сали, рече дека се разгледува можноста за ангажирање надворешни фирми за нивно чистење.

„Дел од средствата ќе ги покрие Министерството за здравство, а дел самите клиники. Ако тоа се покаже успешно во следните три-четири месеци, тогаш ќе воведеме, како критериум, буџетот што ФЗОМ го дава на клиниките за хигиена да го пренасочи и хигиеничарките да се вработат во тие фирми, што е услов ако сакаат да склучат договор со Министерството. Одговорноста за целата хигиена во клиниките да биде на тие фирми“, појасни министерот за здравство, Арбен Таравари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП