ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја започна изградбата на втората по големина хидроцентрала во светот

Кина ја започна изградбата на втората по големина хидроцентрала во светот

Кина ја започна денес изградбата на втората по големина во светот хидроцентрала (ХЕЦ) „Бајхетан“ на реката Цзинша (притока на Јангцег при преминувањето на југозападните провинции Сечуан и Јунан). Моќноста на објектот ќе биде 16 гигавати, соопшти кинеската централна телевизија, цитирана од агенциите.

Предвидено е најнапред централата да биде претставена во 2021-ва година, а до крајот на 2022-ра година да биде завршена целосно. Просек продукција ќе биде 62,4 милијарди киловат-часови. Ова, како што истакна телевизискиот канал, е околу две третини од енергетската потрошувачка на Пекинг за 2015-та година.

Комплексот ќе вклучува 16 хидраулични турбини со моќност од 1 гигават секоја. Површината во која ќе се собира водата на браната ќе биде 430.000 квадратни километри, што е околу 91 проценти од базенот на реката Цзинша.

Браната, која се гради уште од 2008-ма година, ќе биде околу 300 метри висока. По нејзиното завршување ќе биде втора по големина во Кина и четврта во светот. За реализација на проектот, чија вредност не е соопштена, властите ќе преселат кон 100.000 жители од провинциите Сечуан и Јунан.

Најголемата хидроцентрала во светот исто е кинеска – „Трите грла“ („Санса“ на кинески), лоцирана на реката Јангцег (провинција Хубеи, централна Кина), со моќност од 22,5 гигавати. На второ место во моментов е централата „Итаипу“ на реката Парана меѓу Бразил и Парагвај, потсетуваат агенциите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП