2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија потфрли, заостанува зад останатите членки на еврозоната

Германија потфрли, заостанува зад останатите членки на еврозоната

Германската економија на почетокот на третиот квартал забави повеќе отколку што првично беше проценето.

Поради тоа, за прв пат во 12 години, таа заостанува зад останатите членки на еврозоната.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за Германија, кој го пресметува германската компанија Маркит, опадна во јули на 54,7 поени од 56,4 поени од јуни, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Тоа е најнискиот ПМИ за десет месеци и тоа прв пат за повеќе од 12 години германскиот индекс да заостанува зад Франција, Италија и Шпанија. Таквите податоци, сепак, укажуваат на солиден квартален раст од 0,4 проценти до 0,5 проценти за најголемата економија на еврозоната.

Кога станува збор за целокупната еврозона, композитниот ПМИ падна во јули на 55,7 поени, иако економијата на овој блок и натаму настојува да го одржи темпото во овој квартал.

Бруто домашниот производ на еврозоната во вториот квартал порасна за 0,6 проценти, при што растот на БДП на Шпанија од 0,9 проценти беше речиси два пати поголем од економскиот раст на Франција од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП