29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа одлични резултати за првото полугодие од 2017 година

МАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа одлични резултати за првото полугодие од 2017 година

Во првото полугодие од 2017 година МАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа добивка пред оданочување во висина од 120,7 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 114,7 милиони денари која е на нивото од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка во износ од 109,2 милиони денари.

Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 8,58 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 1,1 милијарди денари или 15 и.п. Ваквото зголемување на приходите се должи на ефектот од зголемувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година како и на зголемените набавки на деривати со вклучена акциза. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 8,46 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за 1,1 милијарди денари или 15 и.п. во што повторно најголем удел има зголемувањето на цените на дериватите и набавките со вклучена акциза во овој период.

Основни причини за прикажаната добивка се следниве:

1. Зголемена продажба на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати за 4% од минатогодишната рекордна продажба и зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман;

2. Трендот на пораст на прометот на малопродажните објекти. Трендот на порастот по месеци е прикажан во следнава табела:

3. Зголемување на приходи од продажба на странски пазар за 33%;

4. Намалување на расходи од камати, курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 31% поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на Друштвото спрема банките како и намалување на каматните стапки од страна на банките кредитори;

– Во периодот jануари – Јуни 2017 година нема промени во сметководствените политики и во методите на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото;

– Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на состојбата со крајот на I Полугодие од минатата година е намалена за 173 милиони денари;

– Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, редовно ги намирува обврските по сите основи (кредити, обврски спрема добавувачи, јавни давачки и плати на вработени);

– Остварениот финансиски резултат е над нивото на планираниот.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП