10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанија која остана без пари

Авиокомпанија која остана без пари

Јужноафриканската авиокомпанија „South African Airways“ остана без пари и се наоѓа на работ од банкрот.

Се смета дека националниот авиопревозник наскоро нема да биде во можност да ги исплати платите.

BBC пишува дека ситуацијата би можела да се подобри до октомври, но само ако добијат помош од владата од 45 милиони фунти.

Дури и тогаш, не е исклучено да оди во стечај.

Авиокомпанијата загуби многу пари во последните седум години. Вршителот на должноста извршен директор Муса Зване, кој ја предводи компанијата во последните 18 месеци се обиде да направи план за закрепнување.

Дури успеаа да отплатат и 125 милиони фунти кредити.

Министерот за финансии на Јужна Африка откри дека SAA побарала дури 560 милиони фунти за докапитализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП