2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција останува водечка туристичка дестинација во светот

Франција останува водечка туристичка дестинација во светот

Франција ја задржува својата позиција како водечка светска туристичка дестинација во 2016-та година, соопшти Светската организација за туризам кон Обединетите нации (ОН), цитирана од интернет изданието „EurActiv.com“.

Статистиката покажува дека на второ место се САД, а зад нив е Шпанија.

Иако Франција се задржува на врвот, посетите се намалуваат со 2% на годишно ниво до 82,6 милиони лица, наспроти 2015-та година.

Честите терористички напади во земјата предизвикуваат загриженост за туризмот, но податоците покажуваат дека опасноста не е толку сериозна.

Бројот на посети во САД исто така се намалува со 3% до 75,61 милиони. Шпанија истовремено оствари скок од 10% на туристите до 75,56 милиони лица.

Туристичката индустрија во Европа цвета во позадина на кризите и безбедносните проблеми во Турција, Египет и Северна Африка.

Четвртото место на листата е за Кина со малку под 60 милиони посетители, а петтото е за Италија, која предвиде стабилни перформанси и речиси не предвиде промена во посетите.

Класификацијата е пресметана според бројот на посетители кои поминуваат барем една ноќ во одредена држава.

По приходи од туризмот, сепак САД е лидер со 173 милијарди евра. Втора е Шпанија, пред Тајланд и Кина.

Поради депресијацијата на фунтата, Британија паѓа до седмото место по приходите од туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП