28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото го загуби сјајот, сега сите му го вртат грбот

Златото го загуби сјајот, сега сите му го вртат грбот

Светската побарувачка за злато опадна за 14 проценти во првиот квартал, на најниското ниво во последните осум години.

Американските трговци и го завртеа грбот на оваа безбедна инвестиција, соопшти Светскиот совет за злато (WGC).

Глобалната побарувачка за овој благороден метал опадна на 2.004 тони во првите шест месеци од 2017 година во споредба со првиот квартал од 2016 година, се наведува во најновиот изветај на WGC, пренесува агенцијата Франс прес.

„Последен пат кога побарувачката во првата половина од годината беше пониска беше во 2009 година кога изнесуваше 1,853 тони“, изјави портпаролката на Советот за АФП.

Најголемиот пад на побарувачката е регистриран во вториот квартал, од дури десет проценти на 953,4 тони.

Златото се доживува како сигурно засолниште во време на економски неизвесности, наведува АФП, и додава дека зајакнувањето на доларот, како последица на високите камати во САД, ги одвело инвеститорите од златото кон доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП