ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се разгледува влијанието на американските санкции врз европските проекти

Ќе се разгледува влијанието на американските санкции врз европските проекти

Европската унија ќе го разгледува можното влијание на американските санкции против Русија врз европските проекти, соопшти портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

„Го проучуваме спроведувањето на санкциите и ќе разгледаме дали тие влијаат врз европските проекти и врз интересите на Европската унија – изјави на пресконференција Андреева.

Според неа, ЕК ќе ги разгледува сите случаи и ќе биде многу внимателна, а доколку санкциите влијаат врз европските компании „ќе биде подготвена да делува“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша законот со кој се одобрува засилување на санкциите кон Русија, Иран и Северна Кореја.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП