28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговски преговори меѓу САД и ЕУ во јуни

Трговски преговори меѓу САД и ЕУ во јуни

dogovor1

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека САД и Европската унија би можеле да ги започнат преговорите за слободна трговија пред состанокот на групата Г8.

На вчерашната заедничка конференција за новинарите со американскиот претседател Барак Обама, Камерон изјави дека наредната недела ќе биде пресудна за разгледување на договорот, кој ќе биде најголемиот договор за слободна трговија во светот.

Тој ги повика двете страни да бидат подготвени да се справат со тешките трговски прашања. „Тоа значи дека се е на маса, дури и тешките прашања, и тоа без исклучок“, изјави британскиот премиер.

Камерон оцени дека договорот ќе ја направи ЕУ повеќе привлечна за Британија, која се подготвува да одржи референдум за членството во Унијата, како што вети британскиот премиер, тој референдум ќе се реализира до 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП