29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Пиволенд 2017“: Од 7 до 12 август гурмански викенд со пиво

„Пиволенд 2017“: Од 7 до 12 август гурмански викенд со пиво

Од 7 до 12 август на скопското Кале десетти пат ќе се одржи традиционалната манифестација – гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“. Посетителите и годинава ќе имаат можност да уживаат во добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.

На годинешниов „Пиволенд“ ќе има богата музичка порограма, ќе настапат „Ван Гог“, „Неверне бебе“, С.А.Р.С., „Негатив“, како и македонскиот рап-состав САФ. За љубителите на фудбалот на 7 и 8 август, со оглед на тоа што во исто време се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера. Фестивалот е под покровителство на Град Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.

Оваа година со одржувањето на „Пиволенд“ всушност ќе започне и големата летна забава „Супер Скопје“, која ќе се одржи на повеќе локации во градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на „Кеј 13 Ноември“, на 25 и на 26 август во Старата скопска чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови жителите и посетителите на Скопје ќе може да уживаат во добра музика, а во моментот се разговара со повеќе музички изведувачи и нивните имиња и датуми на настап ќе ги соопштуваме кога ќе имаме потврда за тоа.

„Скопје првпат ќе има ваква голема забава „Супер Скопје“ и најавувам дека сакам да го направиме традиционален за сите граѓани што ќе останат во летниот период во Скопје да уживаат во летната забава“, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП