3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоред гринфилд директните странски инвестиции, Србија е прва, а Македонија трета во...

Според гринфилд директните странски инвестиции, Србија е прва, а Македонија трета во светот

Србија е на прво место во светот по бројот на гринфилд директни странски инвестиции. Регулаторните реформи, ниските трошоци за производство и пристапот до пазарот на ЕУ ги надвладеаја инаку разочарувачките економски перформанси на земјата, објави „Фајненшнл тајмс“.

Со индексот се мери привлечноста на некои земји како дестинација за гринфилд инвестиции гледано според големината на нејзиниот бруто домашен производ.

Србија има индекс 12,02, а следуваат Камбоџа со 11,24 и Македонија со 9,18, објави британскиот весник.

Индексот на Србија покажува дека земјата во 2016 година привлекла 12 пати повеќе гринфилд директни странски инвестиции отколку што би се очекувало за економија со таа големина.

Странските инвеститори во 2016 година во Србија најавиле 77 гринфилд проекти наспроти 57 во 2015 година, од кои повеќе од половина (53 отсто) биле во преработувачката индустрија, првенствено во производството на електронски компоненти и автоделови, а на листата следат недвижнини и текстил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП