3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕфикасни совети како да ја ублажите болката и црвенилото ако сте изгореле...

Ефикасни совети како да ја ублажите болката и црвенилото ако сте изгореле на сонце

Ви претставуваме корисни и ефикасни свети како да ја ублaжите болката и црвенилото од изгореници од сонцето…

Ладен туш и облоги

Обидете се да се туширате со што поладна вода, ставајте и ладни облоги или облоги од јогурт, со цел да ја смирите кожата и болката. Доколку кожата силно ве затега и сте буквално парализирани од болка, тоа многу лесно ќе го решите со обична кисела вода, така што после туширањето, ќе се полеете на болните места неколку пати со кисела вода.

Намачкате се со хидратантна крема

Кожата треба да ја мачкате неколку пати дневно со неутрална крема, но не ја заборавајте и моќта на алое верата, која ќе ве разлади.

Таблети против болки

Вообичаените таблети против болки можат да ја ублажат болката и воспалението, но не ги пијте доколку можете да издржите.

Пијте доста течности

Кожата најдобро се храни со она што ќе го изедете и испиете, па не заборавајте да испиете многу течности и да јадете свежо овошје и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП