3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Азербејџан ја унапредуваат соработката на политички, економски и културен план

Македонија и Азербејџан ја унапредуваат соработката на политички, економски и културен план

mak

Македонија и Азербејџан перманентно ја унапредуваат соработката не само на политички, туку и на економски и културен план, оценија директорите на царинските служби на двете земји, Ванчо Каргов и Ајдин Алиев.

– Имаме многу добра соработка меѓу двете царински служби и соработуваме на различни активности, изјави директорот на азербејџанската Царина, која донираше опрема на македонската Царина.

Соработката меѓу двете царини е воспоставена пред четири години. Во овој период се одржани повеќе средби, посети и обуки на цариници, а реализирани се и донации од азербејџанската Царина.

– Соработуваме на ниво на Светска царинска организација и на регионално ниво, рече Каргов и потенцира дека соработката меѓу овие две институции ја поттикнува и економската соработка меѓу двете земји.

Ова е трета посета на делегација од Азербејџан  која ќе биде искористена за промоција на културното наследство на оваа земја во Македонија.

Утре ќе биде отворена изложба во „Чифте амам“ за заштита на културното наследство на Азербејџан, а задутре во МОБ ќе биде одржан гала концерт со заеднички азербејџански и македонски уметници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП