4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводните цени во ЕУ бележат пад во јуни

Производните цени во ЕУ бележат пад во јуни

Цените на производителите во индустријата во еврозоната се намалуваат за 0,1% во јуни во однос на претходниот месец, покажуваат последните податоци на европската статистичка служба „Еуростат“. Во Европската унија (ЕУ), исто така е забележан пад од 0,2% за истиот период.

Во мај 2017-та година цените се намалија за 0,3% во зоната со единствена валута и со 0.4% во ЕУ.

На годишна основа, сепак продолжува да се набљудува сериозно покачувањето како во ЕУ, така и во 19-члената еврозона. Спрема јуни 2016-та година цените на производителите во индустријата се зголемуваат за 2,5% во еврозоната и со 2.6% во 28-те земји членки на Унијата.

График: Еуростат

Според податоците на „Еуростат“ негативно влијание врз производствените цени во еврозоната на месечна основа има енергетскиот сектор, каде е забележан пад на цените од 0,3%. Во исто време цените остануваат стабилни кај трајните производи за широка потрошувачка, овие кај капиталните стоки се зголемуваат за 0,1%, а на расипливите стоки со 0,2%.

Во ЕУ како целина падот на цените се должи главно на намалувањето во енергетскиот сектор за 0,7%. Цените остануваат без промена кај трајните производи, а кај капиталните се забележува зголемување од 0,1%. Кај расипливата стока за широка потрошувачка се забележува зголемување од 0,2%.

Најголем пад во производствените цени се истакнува во Грција (-1,3%), Данска и Холандија (-1,1%) и Ирска (1%), а најголемо зголемување е забележано во Летонија (0,7% ), Италија (0,4%), Кипар (0,2%) и Малта (0,1%).

На годишна основа позитивно влијание врз цените како во еврозоната, така и во ЕУ имаат најмногу енергетскиот сектор и времените стоки.

Најголем раст на производните цени за годината се забележува во Белгија (6,4%), Кипар (5,7%) и Велика Британија (4,7%) и Полска (3,7%), а најсериозно намалување во Луксембург (-3,2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП