2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИскористен кредитот од КФВ банката во општина Кочани

Искористен кредитот од КФВ банката во општина Кочани

kocani-7

Кредитот од 800 илјади евра што општина Кочани го доби за првата фаза од реконструкцијата на водоснабдителниот систем во градот е ефектуиран. Изграден е главниот потисен цевковод од Грдовци до Кочани, поставени се пумпи во локалитетот Грдовски орман каде што се и изворите за вода на кочанскиот водснабдителен систем.

– Со реконструкцијата на водоснабдителниот систем, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ доби заштеда од 40 отсто во потрошувачката на електричната енергија, а инвестициојата ќе се врати за наредните четири години, истакна на средба со новинарите Ратко Димитровски,градоначалник на општина Кочани.

Димитровски додаде дека општина Кочани од КФВ банката очекува втор кредит во износ од 240 илјади евра за поставување на скада системот и довршување на реконструкцијата на вдооснабдителниот систем во останатите делови на градот Кочани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП