3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: На Русија ѝ е објавена трговска војна, санкциите ќе траат со...

Медведев: На Русија ѝ е објавена трговска војна, санкциите ќе траат со децении

Рускиот премиер Дмитри Медведев порача дека новите санкции на САД претставуваат објавување „целосна трговска војна“ со Москва.

Според него, американскиот естаблишмент сосема го надмудрил американскиот претседател Доналд Трамп, кој не сака нови санкции кон Русија, но морал да го потпише законот. Медведев нагласи дека потписот на Трамп има неколку директни последици.

„Прво, пропаднаа надежите за подобрување на односите со новата американска администрација. Второ, на Русија ѝ е објавена вистинска трговска војна. Трето, администрацијата на Трамп покажа целосна немоќ предавајќи се на најпонизен начин на извршната власт на Конгресот, што го менува распоредот на силите во политичките кругови на САД“, напиша Медведев на „Фејсбук“, пренесе „Спутник“.

Тој предупреди дека новите американски санкции кон Русија ќе траат со децении.

„Режимот на санкциите е кодифициран и ќе трае со децении, ако не се случи чудо. Притоа, ќе биде полошо од законот на Џексон-Веник и не може да биде одложен со специјален налог на претседателот без договор со Конгресот. На овој начин односите меѓу Русија и САД ќе бидат крајно напнати, без оглед на составот на Конгресот или личноста на претседателот“, истакна Медведев.

Рускиот премиер порача дека Русија ќе продолжи да ја развива економијата во социјалната сфера, ќе се занимава со замена на увоз, ќе ги решава најважните државни прашања потпирајќи се само на себеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП