Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година.
На првиот ден од расправата министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека се крати од непродуктивните трошоци и се обезбедува простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.
Пратениците од опозицијата обвинија дека се крати од развојниот дел на буџетот.
Приходната страна на буџетот е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите проекцијата е 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиона евра.
Ребалансот е проектиран на раст на економијата од 2,2 отсто наместо првично предвидените 3 отсто.
Собранието, според правилникот, ќе расправа пет дена за ребалансот.