27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја укинува обврската граѓаните сами да поднесуваат годишна даночна пријава

УЈП ја укинува обврската граѓаните сами да поднесуваат годишна даночна пријава

Во иднина над 300 илјади граѓани ќе немаат обврска годишно да поднесуваат даночни пријави на шалтерите во Управата за јавни приходи (УЈП).

Владата неодамна одлучи да го промени начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.

Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година

Експертите сметаат дека на овој начин ќе се намали просторот за малверзации со даночните пријави и ќе се намалат турканиците на шалтерите на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП