4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСолидни 178.000 нови работни места во САД

Солидни 178.000 нови работни места во САД

Американските компании отвориле солидни 178.000 работни места во месец јули, покажуваат објавените податоци на приватната агенција за вработување ADP.

Најголемиот раст на новоотворените работни места е регистриран во областа на образованието и здравствената заштита, додека во преработувачкиот сектор се укинати 4.000 работни места, пренесува агенцијата АП.

Градежните компании отвориле 6.000 нови позиции, додека во секторот за рударство се отворени 3.000 нови работни места.

Најновите податоци се потврда дека американската економија е на здрави темели, оценува агенцијата АП, и додава дека владиниот извештај за вработувањата, кој ќе биде објавен во петок, би требало да укаже на отворање на дури 190.000 работни места во минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП