1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката Standard Chartered заработи 100 %, но на никого ниту долар

Банката Standard Chartered заработи 100 %, но на никого ниту долар

Профитот пред оданочување на британската бaнка „Standard Chartered“ скокна за 93 проценти во првата половина од оваа година.

Банката продолжи да закрепнува од отказите и реструктуирањето на работењето, но исплатата на привремена дивиденда и понатака е суспендирана, што ги разочара инвеститорите.

Добивката пред оданочувањето од јануари до јуни оваа година достигна 1,9 милијарди долари, што е скок во однос на 994 милиони долари во истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Нето добивката речиси двојно се зголеми на 1,2 милијарди долари од 580 милиони долари од првото полугодие во 2016 година.

Генералниот директор на банката Бил Винтерс резултатите ги опиша како „охрабрувачки“, со оценка дека банката сега е далеку поефикасна.

„Иако пред нас е уште долг пат, одиме кон добра насока“, се наведува во соопштението.

Од „Standard Chartered“, исто така е соопштено дека банката не е подготвена да започне со исплатата на дивиденда, но дека на крајот на годината ќе го разгледа тоа прашање.

Банката со седиште во Лондон во 2015 година најави укинување на 15.000 работни места ширум светот, и реструктуирање или излегување од 100 милијарди долари вредната актива со цел да се фокусира на работењето со населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП