4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците купуваат се помалку имот во Турција

Странците купуваат се помалку имот во Турција

Странците купуваат се помалку имот во Турција и покрај дарежливите стимулации за нерезидентите, пишува интернет изданието „globalpropertyguide.com“.

Во првото тримесечје од 2017-та година странци купиле 97.579 станови, што е за 8,1% помалку во споредба со истиот период од 2016-та година, покажуваат податоците на турскиот статистички институт.

Истанбул останува прв избор на странците со 18,4% од сите трансакции, следен од Анкара и Измир со соодветно 10,4% и 6,2% од продажбата.

Најголемата група од купувачите на имот се од Ирак со 1.645 трансакции. Следат граѓаните на Саудиска Арабија со 1.517 трансакции и на Кувајт со 798 трансакции. На четвртото место се граѓаните на Азербејџан со 333 стекнати имоти.

Турската влада воведе бројни попусти и стимулации за странците кои сакаат да купат имот во земјата. При инвестиција во имот, странците се ослободени од ДДВ-то во износ од 18%. Попустот важи и за Турци, кои работеле во странство повеќе од шест месеци.

Условот е парите за зделката да бидат платени во странска валута и становите да не се продаваат барем една година.

Странци кои инвестираат во имот во вредност од најмалку 1 милион долари, ќе можат да аплицираат и за турско државјанство.

Сличен поттик има и за странци кои реализираат капитална инвестиција во Турција во вредност од најмалку 2 милиони долари или направат банкарски депозит во износ од најмалку 3 милиони долари за период од минимум 3 години, како и ако создадат најмалку 100 работни места во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП