ЕКОНОМИЈА

Сообраќајот надвор од градовите со зголемен интензитет

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 км, од денес до 12.08.2017 ќе има градежни активности – замена на еластична ограда.

АМСМ со препорака до учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.