3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај долгогодишната криза, Грција останува најголем инвеститор во Албанија

И покрај долгогодишната криза, Грција останува најголем инвеститор во Албанија

И покрај економската криза, со која веќе неколку години се справува Грција, таа и натаму е главен инвеститор и партнер во албанската економија, соопшти Централна банка на Албанија и Канцеларијата за економија и трговија на Амбасадата на Грција во Тирана.

– Последната официјална статистика на Централна банка на Албанија потвдува дека на крајот на првото полугодие од годинава вредноста на имотот што го поседуваат грчките компании во албанската економија е над нивото од 1,2 милијарди евра или околу 25 отсто од вкупните странски инвестиции во земјата.
На второ место се холандските компании со 870 милиони евра.

Вкупните директни странски инвестиции во албанската економија, на крајот на првиот квартал годинава достигнуваат 5,8 милјарди евра. Станува збор за инвестции вложувани со години наназат.
Странците најмногу инвестирале во информатичко-комуникацискиот сектор, кој главно, вклучува инвестиции во телефонски компании, но исто така и во колцентари со над 1,2 милијарди евра. Секторот на индустријата за гас и електрична енергија, која опфаќа инвестиции во вредност од над милјарда евра се насочени во хидроцентрали, дадени под концесија како и трансјадранскиот гасовод (ТАП). Третиот сектор се финансиите каде се инвстирани 952 милони евра.

Според Централната банка на Албанија директните странски ивестиции историски рекорд забележале минатата година достигнувајќи износ од милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП