3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката на вработени во Германија на највисоко ниво од 2005-та година

Побарувачката на вработени во Германија на највисоко ниво од 2005-та година

Побарувачката на вработени во Германија достигна во јули рекордни вредности. Бројот на отворени работни места го надминува историскиот рекорд од јуни, објави Федералната агенција за труд.

Индексот за работните места на Агенцијата – индикаторот за побарувачката на вработени, расте речиси постојано од 2014-та година. Во јули тој изнесува 238 поени, со 3 поени над нивото од јуни и со 21 поени над нивото од пред година. Ова е највисоко ниво од воведувањето на индексот во почетокот на 2005-та година.

Според агенцијата меѓувреме речиси нема индустрија, во кој да не се бараат соодветните вработени. Со исклучок на јавниот сектор и секторот на воспитувањето и образованието, во останатите гранки побарувачката е значително повисока од пред една година.

Најсилно расте бројот на отворените места во индустријата, трговијата и индустријата на корпоративните услуги, како што се даночните, правните и промотивните услуги, како и во градежништвото. И кај привремените работни места има висока побарувачка.

Како причина за тоа се наведува стабилниот економски развој, како и резултат на тоа што вработените почесто ги менуваат работните место со надеж за подобра плата, а компаниите не успеваат веднаш да најдат заменик. Слични места остануваат во статистиката со месеци.

Така излегува дека во јули биле регистрирани цели 750.000 неисполнети работни места, што е за 76.000 повеќе од истиот месец пред една година.

Во меѓувреме нивото на германската невработеност се стабилизира во јули трет месец на рекордното дно од 5,7%, но кај поголем од очекуваниот пад на бројот на луѓето кои останале без работа, покажуваат податоците на Федералната агенција за вработување (BA).

Нивото од 5,7% е најниско од Обединувањето на Германија кон крајот на 1990-та година.

Во исто време, сепак, барањата за помош при невработеност во земјата се намалиле во јули со 9.000 при очекувањата за намалување со 5.000 и по раст со 6.000 во јуни.

„Вестите од пазарот на трудот се позитивни“, изјави извршниот директор на Федералната агенција за вработување Детлеф Шееле и додаде дека побарувачката на работна сила останува силна.

Бројот на Германците без работа (на сезонски приспособена основа) се намали во јули со 9.000 до 2,537 милиони од 2,546 милиони, еден месец порано и се задржува под нивото од 2,7 милиони за петнаесеттиот месец по ред. До мај 2016-та година нивниот број не се намалуваше под ова важно ниво од Обединувањето на Германија, па наваму.

На сезонски некоригирана база сепак вкупниот број на невработените Германци се зголемува во седмиот месец на годината до 2,518 милиони од 2,473 милиони во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП