22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКои се најпопуларните автомобили во одделни земји во Европа

Кои се најпопуларните автомобили во одделни земји во Европа

Кои модели автомобили се најпопуларни во одделни држави во Европа? На ова прашање се обидоа да одговарат експертите од „JATO Dynamics“, пишува весникот „Autocar“.

Два автомобили – „Renault Clio“ и „Skoda Octavia“, имаат најмногу продажба во 5 држави од ЕУ. Францускиот хечбек победи во својата татковина, како и во Хрватска, Холандија, Португалија и Словенија. За возврат чешката машина е најпосакувана дома, а исто така во Естонија, Финска, Полска и Швајцарија.

Во Германија најуспешен е лидерот во цела Европа – „Volkswagen Golf“, кој може да се пофали и со први места за продажба во уште три европски држави. Тоа се: Белгија, Австрија и Норвешка.

За возврат Данците го преферираат „Peugeot 208“, а Грците – „Toyota Yaris“. Во Унгарија најбаран е „Suzuki Vitara“, во Ирска – „Hyundai Tucson“. Во Словачка се купува „Skoda Fabia“, а во Велика Британија – „Ford Fiesta“. Најпопуларниот модел во Латвија е „Nissan Qashqai“, а во Литванија – „FIAT 500“.

Друг „FIAT“, имено „Panda“ ја освои битката за клиенти во Италија. Шпанците исто вложуваат во сопственито модел – „SEAT Ibiza“. Патриотски се поставени Романците и Швеѓаните, кои купуваат соодветно „Dacia Logan“ и „Volvo S90/V90“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП