6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ и Државниот завод за статистика се согласија да учествуваат во глобалното...

УНИЦЕФ и Државниот завод за статистика се согласија да учествуваат во глобалното истражување за состојбата на децата

УНИЦЕФ и Државниот завод за статистика потпишаа договор за учество во една од најголемите меѓународни програми за истражување на домаќинствата – шеста серија на Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС). Ова е третпат земјата да учествува во истражувањето за собирање на потребните податоци за состојбата на децата и жените.

„Ригорозната и нашироко користена методологија на истражувањето им овозможува на земјите да соберат сеопфатни и споредливи податоци“, рече г. Апостол Симовски, в.д. директор на Државниот завод за статистика. „Нашето учество во уште една рунда обезбедува солидна основа за следење на напредокот и идентификување на трендовите – како позитивни така и негативни.“

Осмислена за пополнување на празнините во податоците, шестата рунда на МИКС мина низ ригорозни методолошки проверки и потврди заради проширување на опфатот и вклучување нови теми кои ќе ги одразат индикаторите од глобалните цели за одржлив развој (ЦОР) и новонастанатите прашања.

„Новата серија на МИКС претставува единствена можност за собирање обемни и расчленети податоци заради следење на напредокот на децата во сферата на здравјето и исхраната, детската заштита и образованието“, рече г. Бенџамин Перкс, претставникот на УНИЦЕФ. „Со новите подобрувања истражувањето ветува дека ќе обезбеди вреден увид во нови подрачја, како социјални трансфери, основни вештини на учење (кај децата на возраст од 7 до 14 години), функционирање на децата и возрасните, мигрантски статус, употреба на чисти горива и технологија и виктимизација.“

Со договорот потпишан од партнерите се предвидува Државниот завод за статистика да го спроведе истражувањето со помош на глобалната методологија и алатки, со техничка поддршка и финансиска помош од УНИЦЕФ и партнерите. Се очекува податоците да се собираат есента 2018 година од речиси 6.000 домаќинства во земјата.

Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) е меѓународна истражувачка програма развиена од УНИЦЕФ во соработка со другите агенции на ОН, а се спроведува на секои пет години во целиот свет за да се обезбеди меѓународна споредливост и континуитет на истражувањето, како и податоци во временски серии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП