3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкот го загуби компасот, се очекува уште поголем пад

Франкот го загуби компасот, се очекува уште поголем пад

На меѓународниот девизен пазар еврото се зајакна во однос на доларот и минатата недела, која е трета по ред, па неговиот курс го достигна највисокото ниво во две ипол години.

Цената на еврото наспроти американската валута порасна минатата недела за 0,8 oтсто, на 1,175 долари, а во еден момент достигна и 1,1777 долари, највисоко ниво од јануари 2015-та.

Вредноста на доларот ослабе и спрема јапонската валута, па курсот се намали за 0,4 отсто, на 110,65 јени.

Поради тоа индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шестте најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 посто, на отприлика 93,7 бодови. Во еден момент, тој пад е само 93,26 поени, најниско ниво од јуни 2016-та година.

Растот на еврото во однос на доларот четврта недела од последните пет е благодарение на вложувачите дека американски „ФЕД“ нема да побрза со затегнување на монетарната политика, додека Европската централна банка наскоро би можела да најави намалување на потенцијалните монетарни мерки.

Доларот во изминативе четири недели во однос на еврото ослабе приближно 3 отсто, а од почетокот на годината околу 11,5 проценти, што исто покажа загриженост околу тоа, кај кое ниво „ЕЦБ“ ќе биде подготвена да дозволи јакнење на еврото без превземање на никакви интервенции.

Во фокусот на вложувачите минатата недела беше и швајцарската валута, затоа што франкот во однос на доларот се намали за два отсто. Неговите загуби беа поизразени во однос на еврото, затоа што вложувачите станаа оптимисти во поглед на имотот искажан во евра по неодамнешните оптимистички коментари од централната монетарна власт во еврозоната.

Традиционално блиската корелација меѓу еврото и франкот се менува затоа што се помоќни очекувањата дека „ЕЦБ“ ќе почне лесно да ја приведува кон крајот својата попустлива монетарна политика, сметаат аналитичарите.

Експертите во банката „Морган Стенли“ очекуваат и натаму франкот да слабее, затоа што сметаат дека тој и натаму е најпреценетата валута во групата на десетте најголеми светски економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП