11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 причини зошто домашните миленици би требало да бидат присутни во канцелариите

3 причини зошто домашните миленици би требало да бидат присутни во канцелариите

Докажано е дека луѓето по само 30 минути интеракција со куче или било кој друг домашен миленик се чувстваат многу подобро.

Иако засега не постои пракса за носење на домашните миленици во канелариите, научниците откриваат дека тоа е голема грешка во компаниите.

Имено, докажано е дека луѓето по само 30 минути интеракција со куче ќе започнат да се чувстваат подобро, а присутноста на куче во канцеларијата ги зближува вработените.

Ова според пишувањето на INC, се некои од причините зошто домашните миленици би требало да се добредојдени во канцелариите.

1. Релаксираат

Познато е дека на многу работни места владее стресот, а домашните миленици се „противотров“ за стресот. Според истражувањата вработените кои на работното место доаѓаат со своето куче, имаат помали шанси за напнатост и позадоволни се.

2. Ја поттикнуваат креативноста

Присутноста на домашните миленици ја поттикнува комуникацијата меѓу колегите која станува поопуштена и помалку формална. Повеќе од 47 проценти од сопствениците сметаат дека домашните миленици пружаат подобар социјален живот отколку интернетот.

3. Од работата прават забава

Домашните миленици работното место го прават поспонтано и позабавно. Ако на пример кучето весело кружи низ канцеларијата, вработените барем некое време ќе можат да ги оттргнат мислите од проблемите и тековните работни задачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП