3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктивноста во приватните индустриски компании во Кина се забрзува

Активноста во приватните индустриски компании во Кина се забрзува

Водечкиот приватен индекс за активноста во кинеската индустрија се зголемува втор месец во јули и достигна највисоко ниво од пред четири месеци, соопштува „MarketWatch“.

Индексот на менаџерите на договорите (PMI) на економскиот магазин „Caixin“ и истражувачката компанија „Markit“ забележа раст од 50,4 поени во јуни до 51,1 поени во јули. Секоја вредност од над 50 поени зборува за експанзија, а под 50 – за контракција.

Подиндексите за производството и новите нарачки растат со најбрзот темпо од февруари благодарение на зголемената продажба за извоз. Цените и за продукцијата, и при продажбата се зголемуваат и веќе четири месеци го достигнуваат врвот.

„Оперативните услови во индустријата се подобруваат во јули, сигнализирајќи дека инерцијата при растот ќе биде одржлива“, коментира Џуншун Џун, економист во „CEBM Group“. „И сепак е малку веројатно финансиските регулативи да бидат релаксирачки“, додава тој.

Во понеделникот излегоа официјалните индекси и за индустријата, и за услугите кај кои имаше намалување, односно забавување во активноста.

Голем број економисти очекуваат кинеската економија да се забави во првото полугодие од 2017-та година, бидејќи мерките на властите за ладење на станбениот пазар и за намалување на задолженоста почнуваат да ми натежнуваат на бизнис ставовите и економската активност.

Истражувањето на „Caixin“ се фокусира првенствено на помали приватни компании, а официјалното истражување – врз големи државни претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП