27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја со нов петгодишен економски план

Јужна Кореја со нов петгодишен економски план

Јужна Кореја го претстави новиот петгодишен економски план кој предвидува зголемување на платите и подобрување на социјалната безбедност на граѓаните.

Планот е донесен со настојување да им помогне на оние кои заостанале додека земјата се развивала.

Економскиот план, прилагоден на работниците, претставува одговор на се поголемата загриженост на растечката нееднаквост во земјата.

Меѓу мерките кои ги претстави Министерството за финансии се зголемувањето на минималната заработка и надоместокот за невработени, како и зголемувањето на казната за неправедна деловна пракса.

Планот исто така, предвидува поголема транспарентност и управување во големите семејни компании и решавање на проблемите со неправедните деловни договори на големите компании и малите претприемачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП