6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата европската банка брои милијарди

Најголемата европската банка брои милијарди

HSBC банката во првата половина од 2017 година оствари раст на профитот пред оданочувањето од 12 проценти, откако приходите пораснаа побрзо од расходите.

Покрај тоа, повисоките каматни стапки резултираа со поголеми маржи кај нејзиното кредитно работење во Хонг Конг.

Глобалната банка од Лондон исто така соопшти дека во втората половина од годината ќе купи уште две милијарди долари од сопствените акции, пренесува агенцијата АП.

Исто така вкупниот износ од откупот на акции, кој е најавен минатата година, ќе достигне 55 милијарди долари.

HSBC банката наведе дека во периодот од јануари до јуни остварила добивка од 12 милијарди долари.

Оваа цифра е прилагодена со валутните флуктуации и еднократните добивки и загуби и е поголема од 10,7 милијарди долари забележани во истиот период минатата година.

Во првата половина од годината, нето профитот изнесувал 7,0 милијарди долари, додека приходите пораснаа за 0,8 проценти на 26,1 милијрди долари.

Според извештајот на банката, нето профитот во вториот квартал скокна за повеќе од 50 проценти, на 3,87 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП