2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајниска невработеност во еврозоната од 2009 година

Најниска невработеност во еврозоната од 2009 година

Невработноста во еврозоната опадна во јуни на најниското ниво од февруари 2009 година, бидејќи економското закрепнување на Европа продолжи да зајакнува, покажаа денес објавените податоци на европската служба за статистика Евростат.

Стапката на невработеност во 19-члената еврозоната опадна на 9,1 проценти во јуни од 9,2 проценти во мај, се наведува во соопштението на Евростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквиот податок е подобар од очекувањата на аналитичарите кои ги анкетираше истражувачката компанија Фактсет, а кои предвидуваа стапка на невработеност за јуни од 9,2 проценти.

Истовремено, инфлацијата во еврозоната во јули се задржа на стабилни 1,3 проценти, што е значително под целта на Европската централна банка од 2,0 проценти. Јулската стапка на инфлација е еднаква на стапката на инфлација од јуни и во склад е со очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП