3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапските земји отворија итни коридори за катарските авиони

Арапските земји отворија итни коридори за катарските авиони

Четири арапски земји, кои ги прекинаа дипломатските односи и сообраќајните врски со Катар, соопштија дека отвориле итни рути кои може да ги користат катарските авиони. Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти денеска дека во соработка со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство отворени се девет коридори.

Отворените коридори вклучуваат прекуморски подрачја со кои управуваат Емиратите, а еден, со кој управува Египет, преку Средоземното Море.

Саудиска Арабија, ОАР, Египет и Бахреин ги прекинаа сите дипломатски односи и сообраќајни врски со Катар обвинувајќи го дека ги поддржува екстремистите и тероризмот. Авиокомпанијата „Катар ервејз“, која е една од најголемите во регионот, мораше да пренасочи голем број од своите летови и да укине летови кон големи регионални дестинации, како што е Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП