1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија од утре во жолта, во сабота и недела во портокалова фаза

Македонија од утре во жолта, во сабота и недела во портокалова фаза

Претежно сончево и многу топло време, со температура која на места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени, продолжува и во наредните денови.

Во поголемиот дел од земјата максималната температура ќе достигне над 35 степени, а УВ индексот ќе биде многу висок, со вредност од 9.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а в петок и в сабота одредени региони од земјата ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење потенцијална опасност од шумски пожари. В сабота кон недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП