2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја објасните долгата пауза без работа во своето CV

Како да ја објасните долгата пауза без работа во своето CV

Постојат разни „паузи“ од работата – принудни или доброволни, кратки или долги, поради здравје или одмор, поради деца или поради себе, поради стекнување со знаење или покренување на бизнис…. Без оглед каква е, во својата професионална биографија ќе морате да ја „пополните“ оваа празнина, бидејќи и сами сте свесни дека на хартија, големата пауза не изгледа баш најдобро.

И додека многу експерти предлагаат да бидете искрени во врска со тоа, сајтот Purewow ни претставува неколку трикови како CV-то да нема празнини, и како да бидете задоволни и да имате самодоверба на разговорот за работа.

За почеток – не пишувајте ништо во врска со породилното боледување, ниту за било какво отсуство. Прескокнете го тоа!

Организирајте ја биографијата по категории – не хронолошки

Групирајте ги искуствата според видот (професионално, образовно, хронолошки), не според времето кога се случило тоа. Тоа го одвлекува вниманието од периодот кога не сте биле вработени и го става фокусот таму каде што треба: на вашата експертиза.

Ставете само листа со релевантно искуство

За хонорарните и волонтерските работи пишувајте само ако имаат врска со работата за која аплицирате. И тоа значи дека CV-то треба да го прилагодувате на работата за која се пријавувате. Ова нормално не значи дека треба да пишувате за се од почеток, но некои делови треба да ги преместите на дното или да ги тргнете доколку не се релевантни за вашата посакувана работа, а некои да ги истакнете.

Покажете самодоверба

Кога ќе дојдете на интервјуто бидете отворени, но концизни и јасни кога зборувате зошто сте се одлучиле (или сте биле принудени) на пауза. На пример: „Одлучив да останам дома бидејќи тоа беше најдоброто за моето семејство“ и тука доаѓа точка, без дополнитлено објаснување. Потоа завртете ја приказната на тоа како сте подготвени за нова работа и полни сте со елан да работите токму таму. Без оглед за која работа станува збор, покажаете дека со тоа што сте направиле пауза не сте го завртеле грбот на се, туку сте останале во тек со трендовите и новитетите поврзани за вашата област, и…

… Поврзувајте се како никогаш да не сте заминале

Повикајте ги старите колеги на кафе (нормално оние кои ви одговараат) и прашајте ги за се што е поврзано за работа. Кога и да можете, одете на семинари и конференции. Гледајте TED говори. Запишете се на курсеви и усовршете некој јазик или техничко познавање. Читајте ги сите новости поврзани за областа со која се бавите. Со други зборови, сето она што сте го следеле кога сте имале време додека сте седеле на работа. Така ќе имате повеќе самодоверба на разговорот за работа, и нема да се чувствате како да доаѓате од друга димензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП