ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите кон Русија спротивни на меѓународното право

Санкциите кон Русија спротивни на меѓународното право

Новиот американски закон со кој се воведуваат поостри санкции кон Русија ќе влијае на европските земји кои соработуваат со таа земја во енергетскиот сектор и на крајот може да дојде до конфликт со меѓународното право – изјави германската министерка за економија и енергетика Бригит Зиприс.

Таа ја повика Европската Унија да размисли за воведување противмерки кон САД.

„Веруваме дека тоа е кршење на меѓународното право. Америка не може да ги казнува германските компании поради соработка со други земји“ – дополни министерката Зиприс.

Таа, сепак, истакна дека Европа не сака трговска војна со САД и затоа секогаш е подготвена на координирано делување со Вашингтон по прашањата за санкциите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП