19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата го достигнаа највисоко ниво за последните два месеци

Цените на нафтата го достигнаа највисоко ниво за последните два месеци

Цените на нафтата на светските берзи денеска кратко го достигнаа највисокото ниво во последните два месеца, пред сè поради намалувањето на американските резерви и заканите со можни санкции од ОПЕК кон Венецуела.

На Лондонската берза цената за барел нафта достигна 52,85 долара, што претставува зголемување од 33 центи во однос на претходното затворање.

На американските берзи, пак, барелот нафта од утринава скокна 50 центи, но потоа се намали 25 центи, сепак оставајќи го долу претходното затворање во петокот.

Цените на нафтата растат шест работни дена по ред и пораснаа околу 10 проценти од последниот состанок на земјите членки на ОПЕК и останатите произведувачи на црно злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП