17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната останува стабилна во јули

Инфлацијата во еврозоната останува стабилна во јули

Инфлацијата во еврозоната останува стабилна во јули на ниво од 1,3% на годишна основа, покажува првото читање на податоците на „Евростат“.

Вредноста ги исполнува прогнозите на аналитичарите.

Основната инфлација, која ги исклучува колебливите цени на храната и енергијата, исто така, останува без промена на ниво 1,2% во јули. Очекувањата беа за раст од 1,1%.

Најмногу поскапе енергијата (со 1,9% на годишна основа), потоа услугите (1,5%), храната, алкохолот и цигарите (1,5 отсто) и неенергетските индустриски стоки (0,5%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП