2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на Македонија како туристичка дестинација од страна на полски новинари

Промоција на Македонија како туристичка дестинација од страна на полски новинари

Како продолжение на неодамна отворените сезонски чартер-летови од Катовице на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, „ТАВ Македонија„ донесе пет новинари од Полска во Македонија со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска.

„Од 17 до 22 јули пет новинари од Полска од угледни печатени и онлајн-медиуми ја посетија Македонија, конкретно Скопје и Скопскиот Регион (кањонот на Матка, винарници), Охридското Езеро и Битолскиот Регион искусувајќи ги убавините на земјата и нејзиното културно-историско наследство. Очекуваме оваа активност да придонесе за повисока побарувачка на летови од Полска кон Охрид, со цел тур-операторот Рего Бис да ја операционализира најавената дополнителна дестинација – Варшава, како и да придонесе за отворање дополнителни чартер-летови од Полска до Македонија организирани од друг полски тур-оператор за што сме во преговори долго време“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Како што објаснува Ерсој, „ТАВ Македонија“ постојано презема слични маркетинг-активности не само за привлекување авиокомпании и тур-оператори да почнат да летаат од двата македонски аеродрома – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. апостол Павле“, туку и да ги поддржи новоотворените дестинации и да создаде поголема побарувачка за летови кон Македонија од пазарите од каде што доаѓаат патници во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП