18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на „Фолтин“ за крај на „Скопско лето“

Концерт на „Фолтин“ за крај на „Скопско лето“

Со концерт на групата „Фолтин“ вечерва (31 јули) во Сули ан завршува овогодинешното „Скопско лето“.

„Фолтин“ е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку 20 театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.

Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како духовита, страсна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на ткн. „спонтан есперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици.

Билетите се во продажба по цена од 300 денари во Југотон Рекордс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП