2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува исплатата на субвенциите за овоштарите и лозарите

Стартува исплатата на субвенциите за овоштарите и лозарите

На почетокот на неделава ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и лозарите, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Изготвени се решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот неделава“, соопшти МЗШВ.

Освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

Што се однесува за исплатата на обесштетувањето за ланските пролетни мразови во Преспанскиот Регион, Министерството подготви информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП