25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазводот на Брисел и Британија некој мора да го плати

Разводот на Брисел и Британија некој мора да го плати

ЕУ предупреди дека следната фаза за Брегзит ќе биде одложена за два месеци, затоа што Обединетото Кралство одбива да работи со Брисел на „бракоразводната сметка“, пренесува Фајненшл Тајмс.

Весникот наведува дека има ексклузивна информација дека главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барни, го изнел тоа предупредување на приватниот состанок со амбасадорите на ЕУ и Брисел.

ЕУ соопшти дека нема да разговара за трговијата или идните односи на Лондон и Брисел се додека не се постигне „доволен напредок“ за прашањето за заштита на правата на граѓаните, границата со Северна Ирска и финансиските прашања.

Според првичниот план на Барни, ЕУ на самитот во октомври би требалео да изнесе проценка за „доволниот напредок“, но на европските амбасадори сега им кажал дека тоа е малку веројатно.

Грубата проценка на ЕУ е дека Британија должи околу 60 милијарди евра по напуштањето на ЕУ по основ на различни правни обврски кои Лондон ги прифатил како член на ЕУ.

Велика Британија сепак е уверена дека ќе постигне доволен напредок во преговорите до октомври за да можат разговорите за иднините односи на Лондон и Брисел да влезат во нова фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП