17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најдобриот аеродром во светот и има зошто (фото)

Ова е најдобриот аеродром во светот и има зошто (фото)

Со базен на покривот, затворени градини и сопствено кафуле „Hello Kitty“, не може да не се забележи дека „Changi International“ во Сингапур се издвојува пред повеќето аеродроми во светот.

Аеродромот што служи речиси 59 милиони патници годишно, е прогласен за најдобриот во светот од туристичкиот сајт „Air Help“. Во проценката се бројот на доцнењата и откажувањата на летовите, квалитетот на услугата, како и социјалниот однос.

И покрај големиот сообраќај, аеродромот собира 8,8 поени на скалата од 10 за точност, како минатата годинам но помалку од 1% од сите летови кои заминувале од аеродромот, биле откажани или одложени за повеќе од три часа.

„Changi International“ доби 10 од 10 за квалитетот на услугите и по анализа на ставовите на патниците во „Twitter“, општото ниво на задоволство е 6 од 10, што е повисоко од повеќето, вклучени во аеродроми во истражувањето.Тоа може да се должи и на Терминал 3, кој може да се пофали со природен светларник и градина со над 200 видови растенија и пеперутки.

Терминал 2 е најпосакуваниот со своите рекреативни предлози, вклучувајќи 24-часовно кино и детско игралиште, а Терминал 1 располага со базен на покривот и деноноќни спа услуги.

И тоа не е сè. Според неодамнешната порака тука се планира и објект – тип на забавен парк во 2019-та година наречен „Jewel“, во новата зграда надвор од Терминал 1 ќе бидат распоредени 300 ресторани и продавници, како и на најголемата градина во Сингапур, наречена „Forest Valley“, и 40- метарски висок водопад, познат како дождот „Rain Vortex“.

Што воопшто не звучи како причина дека „Changi International“ ќе го загуби имиџот на најдобар аеродром во светот.

Видете кои аеродроми влегуваат во топ 10 на најдобрите во светот:

1. Singapore Changi Airport, Сингапур

2. Munich International Airport, Германија

3. Hong Kong International Airport, Хонг Конг

4. Copenhagen Kastrup Airport, Данска

5. Helsinki – Vantaa Airport, Финска

6. Cincinnati Northern Kentucky International Airport, САД

7. Barcelona – El Prat Airport, Шпанија

8. Madrid Adolfo Suarez-Barajas Airport, Шпанија

9. Auckland International Airport, New Zealand, Нов Зеланд

10. Frankfurt International Airport, Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП