2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп блеска: Кук ми вети големи, големи фабрики

Трамп блеска: Кук ми вети големи, големи фабрики

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се осврна на Apple и неговото работење во САД, но сега открива и детали.

Трамп во интервјуто за Волстрит Журнал изјави дека неодамна разговарал со директорот на Apple, Тим Кук.

„Разговарав со него, ми вети три големи фабрики, прекрасни фабрики. Големи, големи, големи“, изјави тој.

Наводно, Кук лично му ги пренел на претседателот плановите за изградба на три фабрики и вработување на домашна работна сила.

Од друга страна, уште ништо официјално не е соопштено од Apple, а многумина се сомневаат во толкувањето на Трамп на она што можеби Кук го најавил.

Да се потсетиме, Трамп вети дека ќе врати бројни бизниси од Далечниот Исток во САД а неколку пати истакна и дека ќе го натера Apple да вработува Американци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП