15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault-Nissan стана најголем светски продавач на автомобили

Renault-Nissan стана најголем светски продавач на автомобили

Француско-јапонското стратешко партнерство Renault-Nissan ги претрка ривалските автомобилски компании Фолксваген и Тојота, станувајќи најголем светски продавач на автомобили во првата половина на годината.

Групата продаде 5.26 милиони возила ширум светот од јануари до јуни оваа година, главно како резултат на пристапувањето на јапонската компанија Michubishi на оваа алијанса.

Германски Фолксваген, кој минатата година беше водечки светски продавач на автомобили, и покрај скандалот со манипулација на емисиите на стакленички гасови, во првата половина на годината продаде 5,15 милиони возила, а Тојота 5.12 милиони. Американскиот Џенерал моторс (ГМ), кој со децении беше светски лидер, сега продаде 4,7 милиони автомобили.

Оваа компанија се повлекува од неколку пазари, како Европа и Индија, бдејќи на нив како што тврди е тешко натпреварувањето со конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП