27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ за да спасува банки ќе блокира приватни сметки

ЕУ за да спасува банки ќе блокира приватни сметки

Земјите од ЕУ размислуваат за мерки со кои ќе им се овозможи привремено да ги блокираат банкарските сметки на граѓаните кои повлекуваат пари од нив, за да се спречи одлив на средства од банките кои се во неволја.

Овој потег има за цел да го помогне спасувањето на банките кои се ослабнати, но критичарите велат дека тоа би можело да ја загрози довербата и можеби дури и да го забрза повлекувањето на средствата по првите гласини дека банката е во неволја.

Предлогот, кој е актуелен од почетокот на годината, доаѓа два месеци по одливот на депозити од банката „Popolare“ кои придонесоа за колапсот на овој шпански кредитор.

Овој документ, исто така, доаѓа во време на остри спорови меѓу европските земји во однос на решавањето на прашањето на проблематичните банки, речиси една деценија по финансиската криза која ја принуди Европската централна банка (ЕЦБ) да испечати милијарди евра за да спречи пролонгирање на кризата. Расправата за овој предлог е планирана за септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП