20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФабриката на Hyundai сама ќе произведува струја

Фабриката на Hyundai сама ќе произведува струја

hjundaie

Јужнокорејскиот производител на автомобили, „Hyundai Motor Company“ најви поставување на најголемиот покривен систем за производство на електрична енергија во Јужна Кореа и тоа на својата фабрика во Асана. На тој начин компанијта сака да допринесе за намалувањето на атмосферското загревање и популаризација на системите за обновлива енергија.

Добиената електрична енергија „Hyundai“ ќе ја продава на корејската електродистрибуција која потоа ќе располага со оваа струја и ќе може да ја користат жителите на градовите околу Асана. До крајот на 2013-та година „Hyundai“ планира во соработка со компанијата „Korea Midland Power Co. Ltd“. (KOMIPO)  да постави околу 40.000 соларни панели на покривот на својата фабрика.

Целиот систем ќе завзема површина од 213.000 квадратни метри што претставува околу 68 проценти од раположивата покривна конструкција, а вкупниот капацитет ќе биде 10 MW. Кога целиот систем ќе биде во функција ќе биде овозможено производство на околу 11.5 милиони kW часа годишно, а тоа ќе биде доволно за снабудвање на околу 3.200 домаќинства со електрична енергија.

За производство на истата количина на електричната енергија 11.5 KW часа годишно, термоелектраната испушта околу 5.600 тона јаглерод-моноксид, а тоа може да се избегне со поголемата употреба на обновливата енергија и поставувањето на поголем број системи кои ја собираат сончевата енергија.

Само за споредба за да се преработат 5.600 тона јаглерод-моноксид кои се испуштени во атмосферата потребно е да се посадат 1.12 милиони борови садници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП