
Приходите по основ од царини во Буџетот во првите четири месеци од годинава се за 10 проценти повисоки над планираното и оствареното во минатата година. Ова го истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска одговарајќи на новинарски прашања на Донаторската конференција на која Државниот комитет за царина на Азербејџан донира техничка опрема за Регионалниот тренинг-центар на Светската царинска организација.

