5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот по завршената комисиска расправа

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот по завршената комисиска расправа

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.

„Со овој предлог за измени и дополнувања на буџетот, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски срседства согласно потребите на буџетските корисници“, соопшти Владата.

Вчера Владата го усвои „Меморандумот за соработка во полето на природниот гас“ помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија, за што владата го овласти министерот за економија, да го потпише меморандумот за соработка помеѓу двете земји.

„Како што беше оценето оваа соработка ќе овозможи можност за нова директна врска помеѓу двата системи за природен гас на Република Македонија и Република Бугарија“, информира Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП